Музејот на град Виница со средства од Министерството за култура, започна да го истражува археолошкиот локалитет Коколов Рид, којшто во Археолошката Карта на Р. Македонија е запишан како Барбашки дол, с. Виничка Кршла.
Локалитетот се наоѓа источно од железновременската рамна некропола на Кршлански Гумења, на возвишение над реката Сушица, на надморска височина од околу 410 метри.
Се работи за тумуларна некропола со вкупно четири досега регистирани тумули, од коишто еден е делумно истражен од страна на Музејот на Македонија во 1980/81 година, а два се девастирани од страна на диви копачи.
Музеј на град Виница моментално работи на Тумул IV, а ќе го доистражи и Тумулот I.
Засега Тумулот I може да се датира во VII век п.н.е., додека резултатите од истражувањето на Тумулот IV укажуваат на периодот од II-IV век и голема сличност со некрополата Гробана, истражувана во 2009 и 2010 година.

Кликнете врз сликата за да ја погледнете зголемена