Кликнете врз сликата за да ја погледнете зголемена

ИСТОРИЈАТ НА ИСТРАЖУВАЊЕ

Најраните белешки од рекогносцирањето на просторите во Виничко потекнуваат од 1954 година- М. Грбиќ. Од приоложениот список на археолошки наоѓалишта во Македонија евидентиран е само археолошкиот локалитет Виничко Кале, со топонимот Градиште1.
Токму археолошкиот локалитет Виничко Кале е најчесто споменуван во постарата литература и тоа под името "Кале Баир", односно "Градиште".
Во статијата "Археолошке белешке за рекогносцирања у Источној Македонији", ЗШНМ, I, Штип од 1959 година, М. и Д. Гарашанин го споменуваат локалитетот што се наоѓа во центарот на Виница и пронаоѓањето на големи питоси и римска керамика2. Во нивното рекогносцирање вршено во 1957 год. забележани се уште и Виничко Кале како Кале Баир и неколку наоди од с. Градец, с. Калиманци, како и гробовите на локалитетотт Ила- Виница и Виничка Кршла3.
Во 1978 година Музејот на Македонија т. е. тогашниот Археолошки музеј извршил увид (Ц. Крстевски), а од 1985 година се започнало со ископувања кои периодично се одвиваат до денес.
На почетокот како заштитни, а потоа и систематски, со овие ископувања е констатирата стратиграфијата на локалитетот, особено дефинирана во последната кампања.
Досегашните археолошки ископувања беа водени од Коста Балабанов и Цоне Крстевски, кои ги публикувале во своите трудови:

"Теракотни икони од Виница"- Коста Балабанов, Скопје, 1991

"Рекогносцирање и наоди околу Виница", МАА бр. 7- 8, Скопје 1987, 155- Цоне Крстевски, Звонко Белдедовски.

Кликнете врз сликата за да ја погледнете зголемена

Истите автори имаат уште еден објавен археолошки преглед на наоѓалиштата во Виничко, објавен нешто порано, но кој не е комплетен и аналитичен, односно таму се прикажани само дел од археолошките наоѓалишта.
Доцноантичката етапа од животот на локалитетот Виничко Кале И. Микулчиќ ја одбележал во Tabula Imperii Romani, K-34, Naissus- Dyrrhachion- Scupi- Serdica- Thessalonike, Ljubljana, 1976, 1324, каде постоењето на градежниот комплекс на југоисточниот дел од Калето е означен со категоријата опидум.
___________________
1 М. Грбиќ, Археолошки наоѓалишта во Македонија, МКДМ, I, бр. 9, Скопје, 1954, 115
2 М. Гарашанин- Д. Гарашанин, Археолошке белешке са рекогносцирања у Источној Македонии, ЗШНМ, И, Штип, 1959, 69
3 Исто таму, 79
4 И. Микулчиќ 2002, 257

1 2 3 4 5 6