Христолошки теми

Победнички крст

Кликнете врз сликата за да ја погледнете зголемена


Релјефот со претстава на Победничкиот крст е зачуван во 26 реплики, од кои 8 цели и 18 фрагментирани.
Во правоаголното поле на плочата со димензии 33х20х4,3 cm изведена е тенка рамка во која е сместен претставениот мотив на латински крст. На краевите од краците на крстот, од двете страни се поставени украси во вид на кружни топиња. На површината на самиот крст и во фонот околу него, внатре во правоаголната рамка,изведен е латински текст. На хастот на крстот се чита текстот CRUX CRISTI, на левиот хоризонтален крак-буквите VIN, а на десниот- покрај буквите CE стои знакот на крстот. Во фонот околу крстот натписот е изведен во шест реда. Во првиот ред се чита ETVINCERE, под него, од левата страна на крстот PRE, од десната-STA, во третиот ред под трабикулумот стои OM од левата страна на крстот, NI од десната, под него BUS од левата и SPE од десната страна, во следниот ред лево од крстот се чита RA, десно NTI и во последниот ред-BUSINTE. Овој натпис изведен во императивна форма гласи:
CRUX CRISTI VINCE ET VINCERE PRESTA OMNIBUS SPERANTIBUS IN TE
Со оглед на триумфалниот карактер на овој текст и врз основа на примерите на текстовите на останатите винички релјефи, претпоставуваме дека тој се читал на некој од празниците во чест на Светиот Крст во обредот на Римската Црква.

1 2 3