9. С. Грљани– Црквата "Св. Димитрија" во село Грљани се наоѓа во средишниот дел на селото а изградена е како трикорабна базилика.

Кликнете врз сликата за да ја погледнете зголемена

10. С. Јакимово– Црквата "Св. Јоаким Осоговски" во с. Јакимово претставува една од најубавите на територијата на општина Виница (земајќи го во предвид тоа дека е градена во поново време). Посветена е на путиножителот Јоаким Осоговски. Црквата е изградена и фрескоживописана со иконостас направен во резба и икони со голем дел донација од граѓаните. Фрескоживописот и иконите се дело на ликовниот уметник Цветков Венко од Штип денес професор во средното уметничко училиште “Лазар Личеноски’’ во Скопје. Патронот на црквата се прославува на 29 Август секоја година во кругот на црквата која се наоѓа на одлична локација и на доминантна позиција над селото. Средената, озеленета и чиста околина покрај убавината на црквата привлекуваат се поголем број на верници и посетители од година во година што значи дека ова место веќе претставува голем туристички потенцијал во нашиот регион.

Кликнете врз сликата за да ја погледнете зголемена

1. Свет Крст– светиот крст симболот на христијанската религија која на овие простори има многувековна традиција и развоје направен од метална конструкција со височина од 16 метри на доминантна позиција над градот Виница. Светиот крст е лоциран во близина на метеоролошката станица во Виница и по неогвото осветување во 2006 година како здание кое духовно го воздигнува градот станува честа дестинација на Виничани особено во викендите. Претставува и религиозна атракција која особено вечерно време ја забележуваат и оние кои само поминуваат покрај Виница.

Од сето ова можеме да заклучиме дека најголемиот дел од постоечките цркви во Виничко потекнуваат од 19 век. Бројот на евидентирани икони во однос на црквите е доста голем а нивната историска и културна вредност непроценлива. Забележително е дека врз најголемиот број на цркви се направени извесни градежни интервенции. На тој начин тие се обновени, поради што и нивната трајност е зголемена.