8. Манастир– Црква "Св. Спас"– "Вознесение Христово" се наоѓа на тромеѓето на атарот на с. Пеклани, Блатец и Драгобраште, на патот Виница – Трсино – Делчево. На ова место постојат остатоци од голема базилика врз чии темели во 1948 година е изградена мала црквичка “Вознесение Христово’’. Тука биле ископани големи мермерни столбови и многу други предмети (најверојатно остатоци од големата базилика). Поради централната местоположба на црквата и големата посетеност, особено на празникот Спасовден – Вознесение Христово од народот на соседните села и општини црквата е обновена во 1996 година .За манастирот во пишуваните извори дознаваме дека бил главен Катедрален манастир под чија патронажа биле и манастирите кои биле изградени во исто време: “Св. Крстовден’’ – на место Самовилец с. Грљани: “Св. Пантелејмон’’ на планината Голак и манастирот на местото викано “Манастирец’’ на планината Боровец југоисточно од с. Пеклани. Карактеристично за местоположбата на сите овие манастири е дека нивната поставеност образува форма на крст. Од манастирот Св. Спас можеле да се видат и другите три манастири. Значајно за овие манастири е и тоа што калуѓерите во сите манастири одгледувале многу кози и овци а мандрата каде се преработувало млекото била во манастирот Св. Спас. Од манастирите на Голак, Боровец и Грљани постојат преданија дека псотоеле цевководи од земјани ќунци – млеководи кои воделе до манастирот Св. Спас, а кои се откриени на повеќе места во близина на манастирот. Сите овие манастири настрадале во исто време (се претпоставува дека причината е силен земјотрес кој ги срушил до темелите) пред неколку века. Денес на сите оние места постојат остатоци од ѕидини (археолошки наоѓалишта) кои укажуваат дека народните преданија за постоењето на овие свети места имаат реална основа.

Кликнете врз сликата за да ја погледнете зголемена

Иконостасот во црквата Св. Спас– с.Пеклани

Црква Св. Спас – с. Пеклани (дел од фрескоживописот во фазата на сликање на црквата