5. С. Лаки– Црквата посветена на Св. Јован Богослов во село Лаки е трикорабна, широка и ниска со полукружна апсида од надвор. Според најновите истражувања се смета дека била направена кон крајот на 19 век а според други истражувачи во 1906 год. Црковна слава е на донот на Св. Јован Богослов. Во неа не се евидентирани икони. Обновена е по Првата светска војна.

6. С. ЛескиСв. Јован Крстител. Црквата во с. Лески е една од најстарите цркви во Општина Виница. Годината на градење не е позната, меѓутоа над источниот влез на првобитната црква која во поново време е доградена и надградена на фреската над вратата има натпис во кој пишува дека во 1874 год. се извршени преправки на црквата. Овој натпис е доказ дека црквата е градена многу порано најверојатно во првата половина од 19 век. Внатре во црквата има дрвен иконостас со четири реда на икони од кои иконите во најдолниот дел со мотиви од стариот завет се најстари, најверојатно сликани од локални мајстори. Иконите укажуваат на различни периоди во сликањето а и сликарскиот ракопис укажува на различни мајстори. Црквата Св. Јован Опсечен во поново време е доградена, надградена и реновирана од внатре и однадвор со што има добиен сосема нов лик за разлика од првобитниот. Во дворот на црквата се изложени остатоци од камена пластика најверојатно од постар црковен објект што укажува дека христијанството овде било раширено уште многу порано од пред изградбата на оваа црква од 19 век.

Кликнете врз сликата за да ја погледнете зголемена

7. С. Пеклани– Црквата Св. Пресвета Богородица (Мала Богородица) во с. Пеклани е изградена како еднокорабна градба од жителите на селото во 1913 година, на местото каде имало џамија која селаните ја запалиле и срушиле во 1912 год. На истото место порано имало постара црква која Турците ја срушиле. Годината на изградба на црквата 1914 е врежана во ѕидот на црквата над влезната врата. Иконите и иконостасот се завршени во 1930 година од кочански уметници и Ѓорѓи зографски од Велес кој се потпишал на иконата “Рождество на Пресвета Богородица’’ која е врежана во ѕидот над влезната од јужната страна на црквата. Иконостасот во црквата е направен на 4 спрата во кој се сместени 61 икона. Во црквата има повеќе предмети од периодот пред да се изгради црквата, меѓу кои повреден е сребрениот крст на кој е напишана годината на изработка 1890 година и донаторите. Ова е потврда дека на ова место пред да се разруши џамијата постоела друга христијански црква.

Кликнете врз сликата за да ја погледнете зголемена