МАНАСТИРИ И ЦРКВИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ВИНИЦА

Како значаен христијански центар во ранохристијанскиот преиод со околу 18 ранохристијански базилики забележани досега, регионот во кој припаѓа Виничка општина продолжува да се развива и во периодот кога Македонија е под турска власт. Новите освојувачи биле духовно ориентирани кон муслиманството и при покорувањето на македонското население безмилосно ги уништувале христијанските духовни престојувалиштва. Меѓутоа иако со намален интензитет духовниот и културен инпулс на македонскиот народ не стивнал. Во Македонија во текот на овој период со ситни прилози се обновувале старите цркви и манастири а дури се граделе и помали светилишта. Во втората половина на 18 век настанала малку поповолна ситуација. Имено турските закони дозволиле формирање на црковни општини и поправка на старите градби. Оваа дозвола се користела и за прикриено градење на нови цркви и манастири. Во 19 век се продлабочило националното чувство во човековата свест и опстојувањето на црквите и манастирите било сфатено како запазување на сопствениот духовни социјален, културен и национален идентите.
Покрај џамиите кои воглавно биле градени по доаѓањето на Турците (од кои повеќето денес се разрушени), црквите во Виничко во најголем дел се градени во втората половина на 19 век.
Меѓу најзначајните цркви изградени во 19 век на територијата на општина Виница се вбројуваат: